Средба Османи- Шентоп: Пријателството меѓу граѓаните, столб на блиските односи

пред 3 години

Во рамките на официјална посета на Анкара, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи оствари средба со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Османи и Шентоп ги потврдија традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави. Заеднички ја истакнаа важноста на улогата на парламентарните групи за соработка, како и придонесот на над сто склучени билатерални спогодби во продлабочување на повеќе-секторската соработка, чиј особен резултат е растечката економска и трговска размена.

“Пријателството меѓу граѓаните на двете држави и нашата дијаспора во Турција е нашиот мост кој не спојува. Турска етничка заедница има посебен придонес во политичкиот, културниот и економскиот развој на Северна Македонија, како дел од нашиот уникатен модел на мултиетничка функционална демократија”, истакна Османи.

Тој oствари средба и со поранешниот министер за надворешни работи на Турција, Хикмет Четин, на кој му врачи специјално признание по повод 30 годишнината на независноста на Северна Македонија. Четин бил министер за надворешни работи во еден исклучитечно важен период од нашата понова политичка историја-на нашето осамостојување и Турција е меѓу првите земји што ја признаа нашата независност, дополнуваат од кабинетот на Османи.

Во рамките на престојот во Анкара, Османи положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, оддавајќи почит на големиот државник и основач на модерна Република Турција.

Share
Scroll to Top