Заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба изјави за Гардијан дека Украина губи од Русија на првите линии и дека сега речиси исклучиво се потпира на оружје од Запад за да ја држи Русија подалеку.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
-Ова сега е артилериска војна. Иднината сега ќе се решава на рабовите на бојното поле, а ние губиме артилериски.
Сега се зависи од тоа што ни дава Западот. Украина има едно парче артилерија за 10 до 15 Руси. Нашите западни партнери ни дадоа околу 10 отсто од тоа што го имаат. – изјави Вадим Скибицки.
Ја потрошивме речиси целата артилериска муниција и сега користиме гранати на НАТО. Европа, исто така, испорачува гранати од понизок калибар, но бидејќи Европа останува без оружје, количината се намалува, рече тој.
Украинскиот претседател Зеленски минатата недела изјави дека од 60 до 100 украински војници умираат секој ден, а уште 500 се ранети.
Скибицки смета дека конфликтот во блиска иднина ќе биде претежно артилериски и дека бројот на ракетни напади што можат да бидат лансирани од Русија и да погодат цивили ќе остане на сегашното ниво, пренесе Аваз.ба.