(Видео) Десетици лица со огномет и проектили нападнаа полициска станица во Париз

пред 4 години

Десетици лица нападнаа полициска станица во предградиe на Париз со огномет и други проектили и оштетија неколку полициски возила, соопштија официјалните лица. Во инцидентот нема повредени. „Голема група луѓе ја нападнаа полициската станица во париското предградие Шампињи-сур-Марн со огномет и други проектили. Напаѓачите искршиле пет полициски возила со метални шипки“, пренесе „Ле Паризиен“. Според полициските службеници имало 40 напаѓачи. Скршени се три прозорци на полициската станица. Нападнати биле и пожарникарите кои излегле на местото. Во Франција, неодамна имаше бројни напади врз полицајци, а понекогаш и пожарникари, кои министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен ги гледа како знак дека земјата станува сè подива. Минатата недела тројца мажи извлекоа двајца полицајци во цивилна облека од нивното возило во предградие на Париз, ги разоружаа и ги ранија со повеќе истрели од нивните пиштоли. Еден од полицајците сè уште е во критична состојба. Полицијата сè уште трага по тројцата напаѓачи.

Share
Scroll to Top