Брзи полнети тиквици - Reporter.mk

Брзи полнети тиквици – Reporter.mk

пред 2 години

Состојки:
– 2 тиквички
– 1 пиперка
– 250 гр мелено месо
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 100 мл пире од домати
– 2 лажици масло
– сол, бибер, оригано
– 50 гр сирење за посипување

dobivaj vesti na viber

Подготовка: Подгответе ги сите состојки и премачкајте ја тавата со малку масло. Тиквичките пресечете ги на половина и направете вдлабнатина и исечете ги на ситни парчиња. Загрејте го маслото и испржете ги двете лукчиња, додадете го меленото месо и кратко пропржете. Потоа додадете ја пиперката, ситно сечканата тиквичка од средината и пропржете неколку минути. Додадете пасирани домати, зачинете со сол, бибер и оригано. Така динстајте неколку минути. Со оваа смеса наполнете ги тиквичките, ставете го сирењето и печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.

Share
Scroll to Top