Брод управуван од вештачка интелигенција самостојно го преплови Атлантскиот Океан

Брод управуван од вештачка интелигенција самостојно го преплови Атлантскиот Океан

пред 2 години

Брод без екипаж самостојно го преплови Атлантскиот Океан. Тој помина 4.400 километри од Плимут во Велика Британија до Халифакс во Нова Шкотска, Канада. Бродот бил дизајниран да го реконструира историското патување на „Мејфлауер“ преку Атлантикот од пред 400 години, изјавија шефовите на проектот.

Автономниот брод „Мејфлауер“ требаше да пристигне во Масачусетс, САД, но бил пренасочен во Канада за да се истражат проблемите што ги имаше за време на пловидбата.

Овој 15-метарски тримаран, кој плови на соларен погон, развива брзина до 20 км/час и е контролиран од вградената вештачка интелигенција креирана од IBM. Таа добивала информации за пловидбата преку шест камери и 50 сензори.

„Бродот е дизајниран за да го покаже развојот на технологијата низ вековите, уште кога поклониците отпловија кон Новиот свет“, рекоа шефовите на проектот.

„Мејфлауер“ тргна од Велика Британија на 29 април и се очекуваше за околу три недели да го преплови Атлантикот. Сепак, поради некои технички проблеми на крајот од мај месец беше донесена одлука тој да се пренасочи на Халифакс.

Директорот на проектот Брет Фануф рече дека технологијата на IBM продолжува да функционира според планираното и дека сепак се планира бродот да отплови до Плимут, а потоа и до Вашингтон.

Оригиналниот „Мејфлауер“ бил дрвен брод со три јарболи, долг 30 метри, со платнени едра и максимална брзина од 6 километри на час, а превезувал 102 патници и екипаж од околу 30 луѓе од Плимут до Кејп Код во Масачусетс. Пловидбата во 1620 година траела повеќе од 2 месеца.

Share
Scroll to Top