post-image

(Фото) По загубата на синот, Роналдо и Георгина заминаа на одмор со децата

пред 4 години

Фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез заминаа со децата на годишен одмор. Двојката објави неколку заеднички фотографии, но не го открија местото.

dobivaj vesti na viber

„Мојот живот“, напиша Георгина на фотографијта од авионот на која ја држеше ќерка ѝ Бела Есмералда. „Одмор со мојата љубов“, напиша подоцна Роналдо на фотографијата од летувалиштето.

За потсетување, Роналдо и Георгина неодамна доживеаа трагедија. Георгина носеше близнаци, а за време на породувањето го изгубија синот. Преживеа само ќерка им.

„Со најдлабока тага сакаме да ве известиме за смртта на нашето бебе. Нашето девојче ни дава сила за да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа за во иднина. Сакаме да им се заблагодариме на лекарите и медицинските сестри за целата нега и поддршка која ни ја дадоа. Благодарни сме и бараме приватност во овие тешки моменти. Нашето синче, ти си нашиот анѓел. Ќе те сакаме засекогаш“, рекоа тогаш Роналдо и Георгина.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top