Членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ упати обвинувања кон Хрватска дека ја злоупотребува својата улога во ЕУ и НАТО со иницијативите за измена на Изборниот закон на БиХ и рече дека таквите потези не се поддржани од „пријателска“ и „добронамерна“ Турција предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
На прес-конференција по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, Комшиќ синоќа рече дека најмногу разговарале за односите меѓу земјите од регионот и деталите од неговата посета на Загреб и разговорите со неговиот колега Гордан Грлиќ Радман.
„Загреб ги злоупотребува ваквите средби, па дури и позицијата во ЕУ и НАТО“
„Од министерот добивме уверување дека не го поддржуваат она што Загреб се обидува да го направи во однос на интервенциите во внатрешните работи, дури и во однос на Изборниот закон“, рече Комшиќ.
„Тоа што Загреб ги злоупотребува таквите средби, па дури и неговата позиција во ЕУ и НАТО, според мене е одраз на очајот на Загреб што не може да го зграпчи тој лост на моќ во Босна и Херцеговина“, рече Комшиќ.
Турција не ја поддржува позицијата дека треба да се отворат преговори меѓу двата народа, рече Комшиќ.
„Колку се поупорни, толку посилен ќе биде нашиот одговор. Драго ни е што ја имаме поддршката од Република Турција за таквиот став, а не за ставот што се обидоа да се покрене по тој состанок во Загреб“, рече Комшиќ.