Украина уапси двајца функционери за шпионажа во корист на Русите

пред 3 години

Украина уапси висок владин функционер и еден, како што е наведено, „бизнис лидер“ кој е осомничен дека е дел од наводната руска шпионска мрежа, соопшти денеска Украинската служба за безбедност (СБУ).

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Безбедносната служба не ги именуваше двајцата осомничени, но ги идентификуваше како висок функционер во Секретаријатот на Кабинетот на министри и шеф на одделот во Стопанската комора, пренесува „Ројтерс“.

Според соопштението објавено на апликацијата Телеграм, СБУ извршила „специјална операција во неколку фази“ со цел да го неутрализира наводниот шпионски синџир.

„ Како резултат на тоа, во Киев се приведени шефот на одделот на Секретаријатот на Кабинетот на министри и шефот на една од дирекциите на Трговско-индустриската комора“ се наведува во соопштението на СБУ.