Актерката Ева Лонгорија ужива на базен во жолт костим за капење. Таа објави фотографии на социјалните медиуми како позира во бикини и се пофали со нејзиното тело.
Таа пред четири години роди син, а по бременоста го промени начинот исхрана иуспеа да ослабе 20 килограми. Се откажа од шеќер и јаглехидрати, а еден ден во неделата си дозволува да ужива во пица и чипс.
Актерката е и физички активна, според објавите на Инстаграм. Скока на мини трамболина, и има редовен интензивен кардио тренинг.
Лонгорија се прослави со улогата на Габриел Солис во серијата „Очајни домаќинки“.