Актерка од серијата „Ургентен центар“ пронајдена удавена во река

пред 3 години

Мери Мара, актерката од серијата „Ургентен центар“, пронајдена е удавена во реката Сент Лорен, соопшти полицијата на државата Њујорк. Полицијата информираше дека Мери (61) се удавила додека пливала во реката Сент Лоран во градот Кејп Винсент во неделата наутро.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

„Мери беше една од најдобрите актерки што некогаш сум ги запознал. Таа беш забавна и сите ја сакаа. Ќе ни недостига“, рече менаџерот на актерката, Крег Дорфман.

Мери Мара го имаше своето телевизиско деби во 1989 година, но не се здоби со најголема популарност неколку години подоцна. Деведесеттите и донесоа улоги во популарните серии „Ургентен центар“ и „Неш бриџис“, како и гостувања во сериите „Ред и закон“ и „Западно крило“. Таа, исто така, ја освои наградата на Меѓународниот филмски фестивал во Монако во 2003 година за најдобра споредна женска улога за нејзината работа во „Ем и јас“.

Мара студирала глума на Државниот универзитет во Сан Франциско и Драмската школа Јеил.