Убил тројца, а ранил петмина полицајци пред својот дом во Кентаки

пред 2 години

Тројца полицајци се убиени, а петмина ранети во американката сојузна држава Кентаки кога врз нив отворил оган маж кого се обиделе да го приведат, соопштува тамошната полиција.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Напаѓачот, извесен Ланк Сторз (49) по повеќечасовни препукувања со полицијата бил уапсен во својот дом во Ален, округот Флојд, пренесува „АП“.

Полицајците дошле во домот на Сторз поради пријава за семејно насилство, по што тој испукал неколку куршуми кон нив. Притоа биле убиени тројца полициски службеници и едно полициско куче. Во текот на престрелката биле ранети уште петмина полицајци, но нивниот идентитет и степенот на повредите засега не се објавуваат.

„Полицајците на местото на случувањето со часови биле под оган. Немале шанси“ им изјавил на новинарите шерифот на округот, Џон Хант.

Тој додал дека Сторз се предал по преговорите, во кои биле вклучени и членови на неговото семејство.

Гувернерот на Кентаки на Твитер напиша дека округот Флојд претрпе страшна загуба.

Сторз е во притвор, се изјаснил невин и се наоѓа под кауција од 10 милиони долари. Повторно пред судија ќе биде изведен на 11 јули.

Share
Scroll to Top