Сопствениците на англискиот шампион Манчестер сити, „Сити фудбал груп (CFG)“, купија мнозински удел во италијанскиот второлигаш Палермо. Групацијата во своја сопственост сега има 11 клубови низ целиот свет, најпознат секако е Манчестер сити.
Групацијатаобјави дека купила 80 отсто од акциите на Палермо, преостанатите 20 отсто ќе останат кај поранешниот сопственик Дарио Мири. Тојќе остане претседател на клубот и претседател на управниот одбор.
„Нашата цел е да влеземе во Серија А во следните неколку години. Нашиот план е амбициозен, но на овој клуб му треба Серија А. Палермо е историски голем клуб и има силен и горд идентитет. Нема да биде лесно, ќе мораме да работиме напорно“, рече извршниот директор на CFG, Ферано Соријано.
„Сити фудбал груп“, компанија од Абу Даби, е едно од најмоќните фудбалски имиња во светот. Основана во 2013 година, групата обезбеди целосна или делумна сопственост на единаесет клубови ширум светот – Манчестер сити, Њујорк сити ФК, Мелбурн ФК, Јокохама Ф. Маринос, Монтевидео сити Торк, Џрона, Сечуан Џиуниу, Мумбаи сити ФК, Ломел СК , Троа и сега Палермо.
„Италија е една од највозбудливите и најстрасните фудбалски земји во светот, со богата историја на репрезентативни и клупски успеси, страсни навивачи. Воодушевени сме што „Сити фудбал груп“, го прошири своето присуство во Италија“, додаде Соријано.