Академија Пандев експресно го заврши настапот на европска сцена. Уште во првото коло налета на силниот полски тим Лехија Гдањск кој славеше и на двата меча. По убедливиот триумф во Гдањск (4:1), ривалот беше подобар и денеска на комплексот на ФФМ со 1:2.
Убаво искуство за младите фудбалери на Академија Пандев и лекција дека за во Европа треба да се работи многу повеќе.
Фото: Игор Паневски