Репрезентацијата на Франција ја освои одбојкарската Лига на нации. Во финалето на завршниот турни во Болоња, Франција ја победи селекцијата на САД.
Актуелните олимписки шампиони, славеа по голема борба со 3:2. Французите демонстрираа моќ во првите два сета, ги добија со 25:16 и 25:19.
Американците сепак се вратија во мечот, израмнија на 2:2 (15:25, 21:25).
Решавачкиот сет го реши серијата на Франција, кога при резултат 2:2, освоија пет поени, создадоа предност од 7:2, која потоа не ја испуштија,
Бронзениот медал и припадна на Полска. Актуелните светски шампиони Полјаците со 3:0 во сетови (25:16, 25:23, 25:20) го победија домаќинот на завршниот турнир Италија.