Фулам и Ливерпул со интересно реми на стартот на Премиерлигата

Фулам и Ливерпул со интересно реми на стартот на Премиерлигата

пред 2 години

Александар Митровиќ ја продолжи својата голгетерска форма од англискиот Чемпионшип и во Премиерлигата, постигнувајќи два гола за Фулам да одигра интересно 2:2 реми со фаворитите Ливерпул.

По едногодишна пауза, повторно премиерлигашки фудбал на „Крејвен котиџ“, во меч во кој Фулам може да жали што двапати не успеа да го заддржи водството против неимпресивните гости.

Митровиќ одличната игра на својот клуб ја круниса во 32. минута со гол над Трент Александер-Арнолд, но „црвените“ успеја да се соземат откако во игра влезе Дарвин Нуњез, за во 64. минута да постигне прекрасен гол со петица. Домаќините ја вратија предноста во 72. минута, откако Виргил ван Дајк го собори Митровиќ во шестнесетникот, а Србинот беше сигурен од белата точка. Поен за Ливерпул спаси Мохамед Салах во 80. минута од мечот.

Share
Scroll to Top