Пукна „петарда“ во мрежата на Лидс – „ѓаволот“ Фернандеш незадржлив!

Пукна „петарда“ во мрежата на Лидс – „ѓаволот“ Фернандеш незадржлив!

пред 3 години

Огнено отворање на новата сезона во Премиерлигата имаше тимот на Манчестер Јунајтед. На својот „Олд Трафорд“ го декласираа тимот на Лидс предводен од Марсело Биелса со високи и убедливи 5-1.

Творец на победата на „ѓаволите“ беше феноменалниот португалски фудбалер Бруно Фернандеш кој забележа хет-трик.
Во првите 45 минути Јунајтед упати двојно повеќе удари кон голот на Лидс, но само една топка заврши во мрежата на голманот Меслие.

Фернандеш по асистенција на Пол Погба во 30 минута донесе домашна предноста од 1-0.

Во второто полувреме комплетно се распадна играта на тимот во кој минатата сезона настапуваше и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Иако Ајлинг во 48 минута успеа да израмни на 1-1, сепак следуваа дури 4 погодоци на момците во црвени дресови.

Гринвуд во 52 минута го врати водството на својот тим, а Фернандеш со својот втор гол на мечот во 54 минута зголеми на 3-1.

Голот за 4-1 повторно беше дело на Фернандеш во 60 минута, а Фред во 68 минута ги постави конечните 5-1.

Треба да се напомене дека од петте гола за Јунајтед, на дури 4 асистент беше францускиот ас Пол Погба.

Новото засилување на „ѓаволите“ – Џејдон Санчо во игра влезе во 75. минута.

Share
Scroll to Top