Почина Оливија Њутн-Џон ѕвездата на Брилијантин која со години се бореше со ракот

Почина Оливија Њутн-Џон ѕвездата на Брилијантин која со години се бореше со ракот

пред 2 години

Оливија Њутн-Џон почина денеска на 73-годишна возраст по долгогодишна борба со ракот на дојката. Холивудската глумица почина утрово во нејзинот дом во Јужна Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Тажната вест ја објави семејството кое последните моменти ги поминало со неа, а беше објавено и на нејзината официјална страна на „Фејсбук“. Тие побараа да се почитуваат приватноста во овој тежок период за нив.

Наместо цвеќе, семејството побара да се направат какви било донации во нејзин спомен во нејзината фондацијата Оливија Њутн-Џон (ONJFoundationFund.org).

Оливија беше добитник на четири Греми награди. Глумеше заедно со Џон Траволта во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј Брилијантин, кој го оформи еден од најуспешните музички теми во Холивуд.

За потсетување, австралиската пејачка и глумица беше омажена за Џон Истерлинг со кого ја имаше ќерката Клои Латанци.

Share
Scroll to Top