(Видео) Фудбалската ѕвезда Рајан Гигс се појави на суд за напад на својата девојка и на сестра ѝ

(Видео) Фудбалската ѕвезда Рајан Гигс се појави на суд за напад на својата девојка и на сестра ѝ

пред 2 години

Поранешната фудбалска ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Велшанецот Рајан Гигс, повторно се соочува со обвиненија на суд, овојпат за напад на девојка му и сестра ѝ.

Тој вчера се појави во судот во Манчестер каде треба да се соочи со двете обвиненија. Гигс наводно ја нападнал неговата бивша девојка Кејт Гревил во хотел во Лондон. Тој се товари дека ја нападнал и сестра ѝ во периодот од септември 2017 до ноември 2020 година.

Наводно Гигс ја нападнал Кејт откако таа го обвинила дека ја изневерувал со друга. Гигс ја удрил дека била гола, а потоа ѝ ги фрлил алиштата и сите нејзини работи.

Вториот напад врз сестра ѝ бил уште побрутален. Се случил додека Кејт била со сестра ѝ во нивниот дом во Ворсли, предградие во Манчестер. Кејт ѝ се доверила на сестра ѝ за проблемите кои ги имала со Гигс и ѝ кажала дека фудбалерот ја уценувал за да остане со него.

Тој праќал срамни фотографии од неа на негови пријатели. И вршел психичка тортура, а наводно ја терал и на работи кои таа не сакала да ги прави. Кога дошол кај нив дома, настанала голема расправија. Гигс ја удрил Кејт со глава, а на сестра ѝ ѝ удрил лакт во вилицата.

Обвинителството соопшти дека имале докази и од смс пораки во кои Гигс прво ја навредувал, а потоа ѝ се извинувал на Кејт.

„Вакво нешто може да направи само една злобна и ужасна кучка. Апсолутно неверојатно. Сега изгледам како вистински кловн, откако им кажав на тројца пријатели дека ќе одам во Шкотска за викендот. Толкму сум бесен што се плашам што можам да направам“, пишува во една од пораките.

Гигс ги отфрлил сите обвинувања и рече дека не е виновен. За потсетување, фудбалерот е познат по неговите љубовни скандали и контроверзи, а најпознат е по тоа кога бешефатен дека спие со сопругата на брат му.

Share
Scroll to Top