Килиманџаро доби интернет за да можат планинарите да објавуваат на социјалните мрежи

Килиманџаро доби интернет за да можат планинарите да објавуваат на социјалните мрежи

пред 2 години

Властите на Танзанија инсталираа супербрз интернет на падините на Килиманџаро (5.895 метри), со што сите кои ја качуваат највисоката планина во Африка ќе можат постојано да објавуваат на социјалните мрежи. Мрежата е поставена на надморска височина од 3.720 метри.

dobivaj vesti na viber

„Сите посетители ќе бидат поврзани на интернет до таа точка. И на врвот ќе има интернет до крајот на годината“, рекол  танзанискиот министер за информации Напе Наује.

Според него ова е историски настан во земјата и последен пример за зголемување на поврзаноста на некои од најнедостапните места на светот.

Првиот повик преку мобилен телефон од Монт Еверест беше направен во 2007 година. Кога на 29 мај 1953 Едмунд Хилари и Тензинг Норгај станаа првите луѓе кои го искачиле највисокиот врв на светот, за тоа се дозна дури на 2 јуни.

Килиманџаро е важен извор на приходи за Танзанија и соседната Кенија и секоја година го искачуваат околу 35.000 луѓе.

Share
Scroll to Top