Пролет го доби дуелот против Голден Арт

Пролет го доби дуелот против Голден Арт

пред 2 години

Пролет го совлада Голден Арт со 23:27 во вториот меч од првото коло од групата Б. Повратникот во елитното друштво долго му задаваше проблеми на поискусниот тим на Пролет, а на полувремето фаворитот имаше само еден гол позитива.

Израмнетиот дуел продолжи и во вториот дел од натпреварот. Пролет кон средината на второто полувреме направи серија од 3:0 и се одлечи на три гола предност (17:20) во 42 минута.

Јагуриноски со шест гола беше прв стрелец кај Пролет, по пет постигнаа Палевски и Андоновски. Кај Голден Арт, Шилегов и Мицев имаа по шест гола.

Share
Scroll to Top