99-годишниот Антонио поднел барање за развод од три години помладата Роза по 77 години брак, затоа што нашол докази за наводна афера на сопругата од пред 60 години, пренесоа италијанските медиуми. Со тоа бабата и дедото станаа најстариот брачен пар во светот што се разведува.
Мажот, идентификуван во судските документи како Антонио Ц., во стара комода неколку дена пред Божиќ пронашол љубовни писма што ги разменувале неговата сопруга и нејзиниот поранешен љубовник. Сопругата ја признала аферата и се обидела да го убеди да не се откажува од нивниот брак, но и покрај тоа што поминале скоро осум децении заедно, Антонио продолжил со постапката за развод.
Тие имаат пет деца, дванаесет внуци и еден правнук.
Кога разводот на Антонио и Роза ќе биде завршен, тие ќе станат најстариот разведен пар. Претходно тоа беа Британците, Берти и Џеси Вуд (98), кои се разведоа во 2009 година по 36 години брак.