Светско првенство во фудбал во 2030 може да се игра на Балканот

Светско првенство во фудбал во 2030 може да се игра на Балканот

пред 2 години

Светското првенство во фудбал во 2030 година би можело да се игра на Балканот. Останаа уште 72 дена до почетокот на престојното кое ќе се одржи во Катар и ова е првпат по 92 години од основањето на Мундијалот, да се игра во зимските месеци во ноември и декември, пренесува „Мондо.рс“.

Новата кандидатура за организација на еден од идните Мундијали би можело да значи ФИФА да мора повторно Светското првенство го помести за зимските месеци, затоа што и Саудиска Арабија е заинтересирана да биде домаќин.

Британски „Тајмс“ дознава дека Саудиска Арабија е подготвена да се кандидира за организација  на Светското првенство 2030 година и тоа со заедничка кандидатура со Египет и Грција.

Со тоа би можело да се помести најважниот фудбалски турнир за крај на годината, поради големите температури во споменатите земји за време на летните месеци.

„Тајмс“ пренесе дека официјалната кандидатура се очекува во наредните недели, а Саудиска Арабија би била лидер во оваа кандидатура. Земјата би помогнала и за инфраструктурните трошоци што ќе треба да ги платат Грција и Египет.

Александар Чеферин неодамна рече дека УЕФА ќе направи сè за Мундијалот се врати во Европа и организацијата ја добијат Шпанија и Португалија. Има уште неколку кандидатури, меѓу кои и од земји од Јужна Америка, како Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај, кои исто така сакаат да го вратат Мундијалот на тој континент, на 100 годишнината од првиот турнир во Монтевидео.

 

Share
Scroll to Top