Актерката Сања Арсовска вчера славеше роденден. 36 роденден го прослави со сопругот Никола и синот Марко. Рече дека за подарок има сè што може да посака и дека само сака да е заедно со најмилите.
„36. Имам сѐ. Најубави и најсупер фамилија, роднини, другари и другарки, пријатели, соработници, колеги. Си посакувам само да ми се тука, живи и здрави и да се имаме со сите што си ги сакам. Живели“, рече Сања.
Најмногу внимание привлече Марко за кого фановите ѝ напишаа дека изгледа како да ја изел целата торта. За потсетување, Сања е неколку години е во брак со Никола Наумовски, кој му беше шеф на Кабинетот на поранешниот градоначалник Петре Шилегов.
За „Репортер“ ни кажа дека како тазе мајка, одлично се снаоѓа со Марко. За мајчинството вели: „Сега одеднаш почнаа да ми се јавуваат сите стравови за кои порано не сум размислувала. Спознаваме како е да се биде родител. Но, сепак, не сум сама, пред сѐ, тука е мојот партнер, со кој ги делиме рамноправно обврските за Марко. Но, тука се и мајка ми и свекор ми секогаш кога треба да помогнат“.