Пауло Дибала повторно покажа што носи за тимот на Рома, откако постигна фантастичен гол за да ја предводи „волчицата“ до 2:1 победа на гостувањето кај Емполи, враќајќи се по понижувачкиот 4:0 пораз од Удинезе во претходното коло.
Аргентинецот во 17. минута од мечот, од огромна далечина постигна гол за сеќавање за водство на тимот на Жозе Мурињо, но домаќините покажаа дека се подготвени за борба израмнувајќи преку Филипо Бандинели во 43. минута.
What a goal by Dybala pic.twitter.com/77cgd3l7h8
— ?️ (@Kst10i) September 12, 2022
Предноста за Рома ја врати дотогаш речиси незабележливиот Теми Ејбрахам во 71. минута, а гостите имаа шанса да стават печат на мечот кога во 77. минута беше досуден пенал, но Лоренцо Пелегрини ја погоди пречката.
Со победата, Рома се искачува на 5. место на табелата со 13 поени, израмнети со четвртопласираните Удинезе, и само еден поен од лидерите Наполи, Милан и Аталанта.