Компанијата Lockheed Martin и испорача ласер од 300 kW моќност на американската армија, што значи дека е најмоќниот досега.
Ласерот е развиен како дел од иницијативата HELSI (High Energy Laser Scaling Initiative) на Пентагон, чија цел е да ја зајакне индустриската база на насочена енергија и да го подобри квалитетот на ласерските зраци.
Во август оваа година, Lockheed Martin испорача високо-енергетски ласер од класа 60+ kW со интегрирано оптичко заслепување и надзор (HELIOS), а тоа е првиот тактички ласерски систем за оружје што е интегриран во постоечките бродови.
Ласерот од 300 kW е подготвен за интеграција, а Lockheed Martin се фокусира на намалување на големината и тежината на ласерското оружје за да може да се користи на земја, на море и потенцијално на воздушни платформи.