По поразот од Шпанија, Кристијано Роналдо пак ја фрли капитенската лента како на мечот со Србија минатата година. Фрустиран од што Португалија остана без фајнл фор во Лига нации, Португалецот направи сличен скандал како претходно.
На Португалците им беше потребен само бод за да поминат понатаму, но Шпанците победија со голот на Алваро Мората во 88 минута. Роналдо нервозен на крај ја фрли капитенската летна исто како на „Маракана“ во 2021 година.
За потсетување, на 27 март 2021 година, во Белград фрустиран од одлуката на судијата да не му го признае регуларниот гол во последните моменти од натпреварот, излезе од теренот и ја фрли лентата. Нешто слично направи и на Европското првенство кога неговиот тим испадна од Белгија во осминафиналето и тогаш остана без титулата најдобар фудбалер во историјата на земјата.