Бившата на Кличко четири години ја нема видено ќерка сѝ, ми ја зема и ја однесе во Украина, а никогаш не ми ја врати

Бившата на Кличко четири години ја нема видено ќерка сѝ, ми ја зема и ја однесе во Украина, а никогаш не ми ја врати

пред 2 години

Глумицата Хајден Панетиери во новата епизода на шоуто Red Table Talk раскажа дека веќе четири години не ја има видено ќерка ѝ Каја. На почетокот мислела дека Каја ќе оди само да го посети татко ѝ во Украина, а не дека ќе остане засекогаш таму.

Каја останала да живее со поранешниот украински боксер, Владимир Кличко. Хајден во разговор со водителите Џејда Пинкет Смит и Адриен Банфилд Норрис, како и со другиот гостин Кели Озборн, зборуваше за старателството над Каја.

Познато е дека во 2018 година се бореше со зависноста со алкохолот и таблеите и истата таа година се разведе од Кличко. Во тој период и Каја заминала да живее кај татко ѝ во Украина.

„Имаше само три години и тоа не беше нејзина одлука. Јас не ни знаев што навистина се случува додека таа не замина таму“, рече Хајден и додаде дека од тогаш работела на себе за да оздрави.

„Мислев дека кога ќе ми биде подобро ќе ми се врати и дека ќе може да мине некое време со мене. Но, тоа не се случи“, рече глумицата.

Хајден мислела дека Каја ќе оди само да го посети татко ѝ, затоа што постојано била на релација Нешвил – Украина. Но, откако дошла кај татко ѝ, Кличко рече дека сака целосно старателство врз неа. Глумицата рече дека тоа за неа било шок.

„Беше вознемирувачки да ги потпишам документите за старателство. Тоа беше најтешката работа која некогаш морав да ја направам во животот“, откри таа.

„Во земјата во која нејзиниот вујко Виталиј Кличко е градоначалник и каде и двајцата се сметаат за икони, таму доминираат мажите и јас не можев многу да направам околу тоа“, се пожали Хајден и раскажа колку ѝ е тешко без ќерка ѝ.

„Се сеќавам дека Виталиј ми се јави и ми рече: Каја ги прашува другите жени дали може да ги нарече мама. Тогаш го изгубив здивот и срцето ми застана. Се смееше, мислеше дека е смешно, но за мене беше ужасно“, се присети актерката и додаде дека за ќерка ѝ разделбата од мајка ѝ е трауматична реакција.

Share
Scroll to Top