Маратонците во чест на Тоше петнаесетти пат ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево

Маратонците во чест на Тоше петнаесетти пат ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево

пред 4 години

Дванаесет маратонци денеска во 16:30 часот ќе почнат да трчаат  од Нова Градишка до Крушево во чест на Тоше Проески. Ова е петнаесетти пат да трчаат во чест на загинатиот музичар.

dobivaj vesti na viber

Маратонците вчера претпладне пристигнаа во Загреб и ја посетија македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, а потоа заминаа на дружба со Мирослав Рус, со кого Тоше соработуваше долги години.

Маратонците ќе трчаат низ целата територија на Хрватска и на Србија Се очекува на 15 октомври (сабота) да пристигнат на граничниот премин Табановце и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија да дојдат околу 18 часот. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево, каде што треба да пристигнат на 16 октомври (недела) околу пладне, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески.

Учесниците ќе го завршат ултрамаратонот на Гумење каде ќе му оддадат почит на Тоше.

За потсетување, Проески загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16 октомври 2007 година.

Share
Scroll to Top