Награда за „скудетото“: Стефано Пиоли потпиша нов договор со Милан

Награда за „скудетото“: Стефано Пиоли потпиша нов договор со Милан

пред 2 години

Италијанскиот шампион Милан го „врза“ тренерот Стефано Пиоли со нов договор. Тоа е човекот кој по долга пауза донесе „скудето“ и е награден со нов договор кој има важност до 2025 година.

Милан сега се подготвува за еден од најважните натпревари сезонава, дуелот против Салцбург кој ќе решава за втората позиција во групата Е од Лигата на шампионите. Тоа значи и пласман во нокаут фазата од елитното европско клупско натпреварување.

 

Share
Scroll to Top