Леjди Амелија Спенсер, внука на принцезата Дајана ќе се мажи за нејзиниот вереник Грег Малет во 2023 година. Амелија е ќерка на братот на принцезата Дајана и помала сестра на леди Кити Спенсер.
Вереникот на Амелија е професионалец за здравје и фитнес. Двојката, која наводно се запознала на Универзитетот во Кејптаун, се свршила пред повеќе од две години по 11 години врска.
Во тоа време, Малет ја сподели веста на социјалните мрежи, пишувајќи „Значи, ова беше најдобриот ден во мојот живот. 22 јули 2020 година, ја запросив љубовта на мојот живот да го помине остатокот од својот живот со мене и таа рече „да“. Не можам да бидам посреќен и те сакам со сето мое срце“, напиша тој.
Деталите за престојната венчавка остануваа во тајност и сеуште не се споделени со јавноста.
Во јавноста долго се пишуваше за спектакуларната тридневна венчавка на леди Кити Спенсер, која наместо Англија, го одбра Рим.