Ал-Наср, клуб од Саудиска Арабија, му понудил тригодишен договор вреден 216 милиони евра на Кристијано Роналдо, тврди Си-би-ес спорт. Да потсетиме, Манчестер јунајтед го раскина договорот со Роналдо, што се очекуваше по долгиот спор меѓу славниот Португалец и англискиот премиерлигаш.
Си-би-ес наведува дека Ал-Наср долго време е заинтересиран за Роналдо и не е единствениот клуб од Блискиот Исток кој би сакал да го доведе. Интересот на клубот бил „посилен од кога било“ и поради тоа биле подготвени да му понудат околу 70 милиони евра годишно.
„Разговорите започнати во текот на летото напредуваа, но се чека одлуката на Роналдо. Доколку тој ја прифати понудата, договорот експресно ќе биде склучен“, објави Си-би-ес.
Роналдо во моментов го игра последното Светско првенство со Португалија.