Милован на 74 години е најстариот Србин кој се пријавил за служење воен рок

Милован на 74 години е најстариот Србин кој се пријавил за служење воен рок

пред 2 години

Милован Милутиновиќ (74) од Ужице познат како Супермен од Ужице, кој редовно тренира, минатата есен дипломирал на Факултетот за физичка култура, а оваа година се запишал на магистерски студии.

Ентузијазмот и желбата да напредува на 74 години го натерало доброволно да се пријави на служење воен рок.

„Се регистрирав во Центарот за регрутирање во Ужице, пополнив апликација која беше препратена до воената команда во Ваљево, втор пат. Јас првпат служев војска пред повеќе од половина век“, изјавил Милован.

Љубовта кон татковината е неговата прва причина за ваквата одлука, но сака да биде и позитивен пример на младите за што поголем број од нив да се пријават за воен рок. Како што вели, физички и психички е апсолутно подготвен повторно да ги облече чизмите и униформата.

„Моите физички, ментални и сексуални параметри се како оние на триесетгодишник. На моја возраст, некои го напуштија овој свет, некои не можат да станат од кревет, сакам да докажам дека дури и ако сте над седумдесет, тоа не значи ништо, можеш да живееш како млад човек, би сакал младите да го следат мојот пример. Да живеат здраво и да не се двоумат да се пријават за воен рок. Ако можам јас, можат и тие“, вели Милутиновиќ.

Тој се уште чека одговор од Министерството за одбрана.

Share
Scroll to Top