ПСЖ го сака Фред на „Паркот на принцовите“

ПСЖ го сака Фред на „Паркот на принцовите“

пред 2 години

Бразилецот Фред би можел оваа зима да се пресели во Пари Сен Жермен. Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, можеби и малку изненадувачки, се најде на списокот на желби на ПСЖ, откриваат медиумите на Островот.

Фред има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до крајот на следната сезона откако Манчестер Јунајтед ја активираше клаузулата за автоматско продолжување на договорот на Бразилецот за дополнителни 12 месеци.

30-годишниот Фред сигурно ќе се чувствува како дома во друштво на Нејмар и на Маркињос во ПСЖ, а Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со него за добра понуда.

Во оваа ситуација, „црвените ѓаволи“ не би се согласиле да го продадат Фред за помалку од 30 милиони фунти.

Share
Scroll to Top