Почина легендарната алпска скијaчка Рози Митермаер

Почина легендарната алпска скијaчка Рози Митермаер

пред 2 години

Поранешната алпска скијачка и двократна олимписка шампионка, Рози Митермаер, по долго боледување почина на 72 години. Ритермаер, која е мајка на скијачот Феликс Нојројтер на Олимписките игри во 1976 година во Инсбрук, освои два златни медали во спуст и слалом и еден сребрен во велеслалом. Потоа стана позната по прекарот Златната Рози.

„Во куќата на моите родители целата соба ми беше полна со писма и пакети кои ми ги испратија фановите. Поштарот ни кажа дека за еден месец пристигнале 27.000 писма“, се присети Митермаер на златните времиња, на нејзиниот 70-ти роденден.

Живееше во Гармиш со нејзиниот сопруг, поранешниот скијачки ас Кристијан Нојројтер. За потсетување син ѝ Феликс Нојројтер подоцна стана најуспешниот германски скијач во историјата на Светскиот куп.

Share
Scroll to Top