Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски со фотографија заедно со Џеф Бек се прости од легендарниот британски рок гитарст.
„Лоши вести, тажни вести, Џеф Бек почивај во мир“, напиша Стефановски.
Влатко Стефановски често знае да го спомене Џеф Бек во интервјуа, па на прашањето со кого би сакал да соработува од светските музичари, неговиот одговор беше Џеф Бек и Стиви Вондер.
Британскиот легендарен рок-гитарист почина на 78-годишна возраст, а на неговиот Твитер профил напишаа дека починал откако неодамна фатил бактериски менингитис.