Објавена е тајна мапа со локации на кои има скриено богатство во Холандија од Втората светска војна

Објавена е тајна мапа со локации на кои има скриено богатство во Холандија од Втората светска војна

пред 2 години

Револтираните жители ги повикаа ловците на богатство да се држат настрана откако се спуштија во холандското село Омерен во потрага по богатство вредно милиони, наводно скриено од нацистичките војници за време на Втората светска војна.

Ловот бил поттикнат од стара мапа за која се верува дека открива каде германските војници можеби закопале кутии со муниција полни со ограбени дијаманти, рубини, злато и сребро. Рачно нацртан дијаграм со црвен X што го означува местото се само дел од списите на случајот објавени од Холандскиот национален архив.

Кога документите беа објавени на крајот од 75-годишниот период во тајност, декласифицираната карта јасно покажала дека Омерен, во источната провинција Гелдерленд, е местото каде што е богатството.

Сега, постојат докази за неовластени ископувања низ Омерен.

Земјоделска опрема била пронајдена околу свежо ископани кратери, пронајдени надвор од обработливо земјиште и шуми.

Документите во архивата вклучуваат сведоштво на германски војник, кој рекол дека банка во градот Арнем, 40 километри од Омерен, била погодена од бомба во август 1944 година, расфрлајќи ја содржината на трезорот, накит, монети, вредни предмети, скапоцени камења и златни часовници.

Се смета дека потенцијалното богатство е толку вредно што холандската влада направила неколку обиди да го ископа богатството пред да биде објавена мапата, јавува Би-Би-Си.

Share
Scroll to Top