Ракометарите на Македонија го загубија и третиот натпревар на Светското првенство во Крагов, овој пат од Аргентина со 35:26.
Ракометарите на Кире Лазаров и овојпат првото полувреме го завршија со идентичен резултат како и на другите два, со минус седум голови разлика 11-18 и станаа првата репрезентација која првите три меча на Светското на полувреме ги губела со идентичен резултат.
Во наредните денови ќе играме во рамките на „Президент Купот“ каде што ќе играат осумте најслаби селекции на овој Мундијал. Натпреварите се играат во „Орлен Арената“ во Плоцк, а веќе на 19 јануари прв противник ни е селекцијата на Алжир. За потсетување, претходно Македонија загуби од Норвешка и Холандија.