Километарска редица од автомобили вчера со часови стоеше заглавена во место, од Ски центарот Попова Шапка на патот за Тетово. Нервозни граѓани кои вчера се враќа од скијање останаа со часови заглавени во едно место и чекаа возилата да почнат да се движат.
„Ова е хаос, чекавме со саати заглавени. Колоната километарска, а никој не се движи. Па ски-сезоната беше најавена, зарем не може ова да се регулира кога веќе се знаеше дека ќе има гужва на Шапка“, велат револтирани граѓани.
Ски-сезоната вчера почна на Попова Шапка и на Маврово, овој пат со задоцнување заради високите температури. И лани на Шапка имаше сообраќаен колапс во текот на ски-сезоната.