Познатиот турски готвач Нусрет Гокче, познат и како Салт Бае, им ја покажа на фановите куќата во која израснал. Во трошната куќа во која живеел со семејството до денес има неколку негови фотографии од детството, а имаше и некои на кои остварил успеси во изминатите неколку години.
„Досега ги остварив сите мои сништа и цели“, рече Бае.
На фановите им се допаднаа и му порачаа никогаш да не заборави од каде доаѓа.
„Ова е многу инспиративно. Со твојот труд можеш да бидеш пример за многумина“, му коментираа тие, а некои го критикуваа и му порачаа дека славата му удрила во глава и дека дека треба да им се извини на фудбалерите на финалето на Светското првенство во фудбал.
За потсетување, Бае направи скандал на Светското кога на крајот се сликаше со фудбалерите на Аргентина, а го допре и трофејот иако не му беше дозволено.