Холивудската актерка Хилари Свонк (48) на Инстаграм сподели видео во кое објаснува како ја одржува кондицијата и додека е бремена со близнаци. Но не станува збор само за вежби туку за сериозен тренинг во теретана.
„Јас и бебињата вежбаме. Помина долго време откако петокот беше резервиран само за кондиција“, напиша актерката која во април очекува близнаци.
Фановите на актерката и напишаа дека е девојката од милион долари и ја пофалија за објавата. „Леле, како имаш сила за тројца луѓе“, „Неверојатно. Ти си толку жешка!“, се дел од коментарите.
Во октомври 2022 година, актерката објави дека таа и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер очекуваат бебе. Таа во во интервју изјави дека во првите 16 недели имала утрински мачнини и се што можела да јаде било овошје и 10 калинки дневно, а понекогаш додавала путер од кикирики.
Во придружба на нејзиниот сопруг, Хилари неодамна се појави во фустан по нарачка на Прада на доделувањето на Златните глобуси 2023 година, а само еден ден пред доделувањето на престижните награди гостуваше во шоуто на Џејмс Корден, каде рече дека со оглед на тоа што чека близнаци, нејзината бременост ја смета за чудо.