Шестмина поранешни и сегашни вработени во Тик ток потврдија за „Форбс“ дека одредени вработени во Тик ток овозможуваат видеата на социјалната мрежа да станат светски популарни и се сподлеуваат.
Станува збор за тоа што одредени вработени им даваат опција на одредени корисници да добијат поголем опфат на платформата, што тие го нарекуваат „загревање“.
„Загревање“ тоа што тие го нарекуваат нивната тајна моќ за подобрување на оптегот на видеата и обично се користи за да и помогне на апликацијата да ги претстави познатите личности и креаторите во подем во заедницата на Тик ток.
Ова големо признание доаѓа по долгогодишни шпекулации дека постои скриена опција која може да се искористи за зголемување на прегледите на видеата за постигнување на огромни бројки.
Скриената опција го заобиколува алгоритмот на Тик ток и ги преместува видеата на изворот на „Фор ју“ на случајни корисници и е оперативна интервенција за постигнување одреден број прегледи на видеа, објаснуваат вработените.
Според документите до кои дошле „Форбс“, овие типови на „загреани“ видеа сочинуваат 1-2 отсто од вкупните дневни прегледи на платформата.