(Видео) Директор на зоолошка заклал кози, па ги зготвил и послужил на забава за Божиќ

(Видео) Директор на зоолошка заклал кози, па ги зготвил и послужил на забава за Божиќ

пред 2 години

Поранешниот директор на мексиканската Зоолошка градина, Хозе Рубен Наву е обвинет за убиство на четири пигмејски кози. Директорот од одделението за диви животни Фернандо Руиз Гутијерез, го обвини дека животните ги убил, ги зготвил, па ги служел на божиќна забава.

„Животните ги заклал и сварил во просториите на Зоолошката“, рече Гутијерез и додаде дека го загрозил здравјето на луѓето на кои им ги сервирал, затоа што животните не биле за јадење.

Нава е сменет и веќе не е директор од 12 јануари откако во Зоолошката бил убиен и елен. Истражителите објаснија дека животните биле изедени, продавани и разменувани по негов налог, пренесе „Гардијан“.

Според податоците од државниот сектор за животна средина, Нава наводно продавал и разменувал елените и говеда на приватни лица, без соодведно книговодство. Заменил и зебра за алатки што му биле потребни во Зоолошката градина за да поправи некои од расипаните работи.

Во Мексико веќе некое време властите имаат проблеми со приватни лица кои нелегално набавуваат егзотични животни. Некои од нив се случува и да им избегаат и да ги плашат луѓето. Наводно во градот Агваскалиентес неодамна лав нападна жена на балкон и ѝ нанел тешки повреди.

Нападнал и две кучиња и мачка, а откако бил фатен во вторникот го вратиле во Зоолошката.

Share
Scroll to Top