Кејт Мидлтон отвори нов Инстаграм и за три дена собра 44.000 фанови

Кејт Мидлтон отвори нов Инстаграм и за три дена собра 44.000 фанови

пред 2 години

Принцезата Кејт Миддтон отвори нов Инстаграм и за три дена собра 44.000 фанови. Профилот го направи за фондацијата The Royal Foundation Center for Early Childhood, а името му е earlychildhood.

Ги покажа и проектите на кои работи и ја претстави кампањата Shaping Us.

„Проектот покажа колку се важни детските години од животот на една личност. Покажа и како влијае во обликување на карактерот кај возрасните“, рече нејзин близок извор.

Кампањата доживеа успех, а пријателите ја пофалија за иницијативата.

„Ова е убава порака која треба да им се пренесе на родителите. Да разберат дека воспитувањето е најважниот дел од нивната работата и се надеваме дека оваа кампања ќе направи голема разлика и подобрување во менталното здравје кај младите“, рекоа некои од фановите.

За потсетување, Кејт неодамна посети детска градина, каде со децата правеше маски од хартија.

Share
Scroll to Top