Со битбокс изведби, звуци и ритам создаден само од уста, вокалниот оркестар од Словенија „Перпетум џезиле“ вчеравечер направија спектакуларен и уникатен концерт во Скопје.
Секоја нивна изведба беше наградена со аплауз од преполната Филхармонија. Помеѓу богатиот репертоар, „Перпетум џезуле“ изведоа и македонски песни со кои ја испочитуваа македонската публика.
„Громови на душа“ од Тоше Проески отпеана на српски јазик, како и македонската изворна песна „Јовано,Јованке“ песна која редовно ја изведуваат на нивните концерти ширум светот, предзвика аплауз и овации. Но не беше рамнодушна публиката ниту на изведбите на светките познати хитови од АББА, Тото, Мајкл Џексон, Квин, Нирвана.
Концерт исполнет со песни од најразлични жанрови поп, рок,џез, госпел, блуз, боса нова, диско, фанк, етно беше доволен предизвик за во публиката да има и најразлични генерации кои уживаа во несекојневната изведба на вокалниот оркестар.
Пејачите за изведба на одредени песни ги користеа рацете, стапалата и другите делови од телото за да создадат и интерпретираат звуци, како дожд, бури, слетување на авиони, потоци, извори, бранови и други природни феномени.
Не само македонската публика, туку и „Перпетум џезиле“ ќе го памети концертот во Скопје тие на социјалната мрежа Фесбук напишаа: „Скопје благодарам. Бевте одлична публика“.