Дали Илон Маск може да стане нов газда на Манчестер јунајтед?

Дали Илон Маск може да стане нов газда на Манчестер јунајтед?

пред 2 години

Пред последниот рок за доставување на понуди за купување на Манчестер јунајтед, последната шпекулација е дека покрај саудиските, катарските и американските инвеститори, во игра влегува и американскиот милијардер Илон Маск.

Маск, кој е сопственик на „Тесла“ и „Твитер“, според магазинот „Форбс“ е вториот најбогат човек на светот со „тежина“ од 157 милијарди фунти, и според повеќе извори ја следи ситуацијата околу клубот, но не коментира за можно преземање на „ѓаволите“.

51-годишниот Маск веќе ги „зезаше“ навивачите на Јунајтед минатиот август, кога по протестите на фановите против Глејзери поради кои се одложи мечот со Ливерпул, напиша кратко на Твитер: „Исто така, го купувам и Манчестер јунајтед“.

Цената, која се предвидува да се движи од 4.5 до 7 милијарди фунти, нема да биде проблем за Маск.

Share
Scroll to Top