Барса за три минути го среди Кадиз

Барса за три минути го среди Кадиз

пред 2 години

Барселона продолжува во победнички стил во Ла Лига. Каталонскиот гигант славеше со 2:0 против Кадиз на „Камп Ноу“ и повторно има осум бода предност на врвот на табелата пред Реал Мадрид. Сега избраниците на Чави можат да се фокусираат на гостувањето на „Олд Трафорд“ в четврток во Лига Европа.

Барселона речиси едно полувреме бараше начин да ја погоди мрежата, а потоа го среди ривалот за три минути.

Серхи Роберто во 43.минута донесе водство, а пред истекот на првиот дел Роберт Левандовски зголеми на 2:0, што се покажа и како конечен резултат.

Share
Scroll to Top