(Видео) Ед Ширан ги изненади болните деца во клиника во Австралија

(Видео) Ед Ширан ги изненади болните деца во клиника во Австралија

пред 2 години

 

Британскиот пејач Ед Ширан ги изненади децата и нивните родители во Детската болница во Квинсленд. 32-годишниот пејач, кој во моментов е на турнеја низ Австралија, неочекувано се појави во болницата.

Тој два часа ги забавуваше децата кои се лекуваат таму, пееше, се фотографираше и разговараше со нив.

„Ед седеше и разговараше со децата, ги прашуваше од каде се, ги слушаше нивните приказни, беше прекрасно. Вчера видов како се смее мало момче кое одамна не сме го виделе да се насмее“, изјавиле од болницата.

Медицинскиот персонал го опишале Ширан како дружољубив, а за децата оставрување на нивниот сон.

Share
Scroll to Top