Наталија Тибо Кондратиева (63) е швајцарска докторка со руско потекло. Таа починала во Швајцарија на 24 февруари, на денот на првата годишнина од инвазијата на Украина.
Таа била водач на медицинскиот тим кој ја породил наводната љубовница на Путин, гимнастичарката Алина Кабаева (39), пренесува Дејли Мејл.
Кондратиева починала четири дена пред оваа информација да биде откриена во јавноста. Причината за смртта не е објавена, но британските медиуми јавуваат дека таа боледувала од рак. По нејзината смрт, таа била кремирана.
Независниот медиум „Проект“ во вторникот напиша дека таа била присутна на раѓањето на најмалку две деца на Путин во 2015 и 2019 година.
Тибо, заедно со уште двајца швајцарски лекари, е снимена на Црвениот плоштад на 9 мај 2019 година, во времето кога Кабаева родила дете.
Сите се вработени во клиниката Санта Ана во Лугано, каде Кабаева наводно родила уште едно дете во 2015 година. Тибо потврди дека наводната љубовница на Путин била во Лугано и се пораѓала.