Бил Гејтс стана дедо, се породи ќерка му Џенифер

Бил Гејтс стана дедо, се породи ќерка му Џенифер

пред 3 години





Американскиот милијадер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс стана дедо. Неговата ќерка Џенифер Гејтс објави дека добила ќерка.

„Ви испраќаме љубов од нашето здраво, мало семејство“, рече таа и објави фотографија од ќерка ѝ.

Џенифер во ноември минатата година со сопругот Најел Насар објави дека наскоро ќе станат родители. Објави и фотографија на која бремена позираше со сопругот. Двајцата се венчаа во октомври 2021 година, по четири години врска.

Рече дека ги спила љубовта кон јавањето, а венчавката ја направија на фарма во Вестчестер. Свршувачката ја објавија година дена претходно во 2020 година.





Share
Scroll to Top