Шенон Доерти среќна во Париз: по долгата борба со ракот конечно со пријателите и насмевка на лицето

Шенон Доерти среќна во Париз: по долгата борба со ракот конечно со пријателите и насмевка на лицето

пред 2 години

Актерката Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс“ која од 2015 година актерката се бори со ракот на дојката, вчера изненади со фотографии на својот Инстаграм профил. Таа била на вечера со свои блиски пријатели во Париз, а по објавата на фотографиите, се нижеа коментари за нејзиниот беспрекорен изглед. Конечно, убава, насмеана, среќна откако го победи ракот, заради кој едно време се откажа од се и дури го планираше својот погреб.

„Какво неверојатно време поминав вечерва со овие луѓе кои. Пријатели кои ги обожавам. Колку убава вечер во Париз“, вели Доерти.

Неодамна таа беше снимана од папараците, а на фотографиите се гледа дека Шенон ја вратила ведрината и сјајот во животот.

Актерката која долго се бореше со ракот кој беше во четвртиот стадиум, лани се појави во емисијата „Добро утро Америка“, каде изненади многумина со својот оптимистички став.

„Не сакам да се однесувам како да умирам. Сакам да работам и да се однесувам како ништо да не се случува бидејќи ќе се борам да останам жива“, рече тогаш таа.

 

Share
Scroll to Top